Известување

Од сега веб порталот е-дневник е место од каде што по електронски пат ќе може да се пристапи до одредени информации се со цел поефикасна и потранспарентна работа на гимназијата. На е-дневникк се пристапува безбедно односно секој професор и секој родител има корисничко име и лозинка кој што само тој ја знае. Со самото пристапување на родителот ќе му се овозможи во секој момент да има увид на успехот и поведението само на неговото дете.

*Е-дневник е повторно достапен. Доколку ви покаже дека не постои таква страница, избришете Cache на вашиот пребарувач.

**доколку ви покаже SSL error само кликнете на Proceed anyway...

 
 
 
 
Се наоѓате на: За нас Локација
 
 

Локација

Локација на училиштетоУчилиштето се наоѓа на територија на општина Карпош на ул. "Илинденска" бб, што е лесно пристапно за учениците, родителите и другите заинтересирасни од регионот и пошироко. Општината Карпош има оклу 60.000 жители организирани во 14 месни заедници. На територијата на општината егзистираат 10 основни, 6 средни училишта и 5 високообразовни институции, еден ученички и еден студентски дом, како и голем број на стопански и нестопански објекти. Пристапот до училиштето е регулиран со автобуски превоз со што е олеснето доаѓањето на учениците од сите делови на градот и приградските населби.

 

Додади коментар

Безбедносен код
Освежи