Се наоѓате на: За нас Мисија
 
 

Историјат

Да се постои како училиште 50 години е значајно, и во текот на својот полувековен живот, да им ги отвори портите на заењето на илјадници деца и да ги испрати како успешни и зрели луѓе, е хумано и историско дело.

Во текот на својата 50-годишна работа, училиштето доживеа значајни промени - од училиште со мал број на ученици прерасна во една од најголемите и најзначајните гимназии во Македонија. Гимназијата „Орце Николов” веќе 50 години е училиште со своја традиција, со изградени трајни образовни и воспитни вредности. Периодот од 1970 до 1981 година е особено успешен период, а за тоа сведочат и многубројните награди од кои може да ги издвоиме следните: „Ноемвриска награда”, 1974 година за успешна работа на училиштето, потоа наградата „Климент Охридски” во 1979 година, Спортското друштво на училиштето беше наградено во 1975 година со наградата „13 Ноември” за најдобро организиран спортки живот.

Од 1982/1983 гимназијата се трансформираше во училиште за средно образование за електротехничка струка, насока слаба струја од трети и четврти степен на образование. Истовремено со електротехничката струка од учебната 1993/94 година егзистира гимназиско образование – општа струка, во оваа учебна година се запишуваат четири гимназиски паралелки.
Посебно мораме да го потенцираме постоењето и успешното работење на експерименталната програма настава на англиски јазик во една од паралелките од електротехничката струка-електроника, и тоа по предметите: Математика, Електроника, Електронски уреди и Основи на електротехниката. По оваа програма завршија четири генерации ученици. Со решение на училишниот одбор, 2001 година го завршува своето образование последната генерација од електротехничка струка, а остана само гимназиско образование. Воспитно – образовната дејност се реализира на македонски јазик, а во една паралелка, во сите четири години, се реализира програма за гимназиско образование со билингвална настава. Во билингвалните паралелки, наставата по неколку предмети се изведува на француски јазик и тоа: Математика, Информатика, Физика, Хемија, Историја и Биологија.

Во изминативе 50 години, многу генерации ученици учеа, го завршија образованието, заминаа, а оставија своја трага во историјата на училиштето. Многумина од нив станаа познати научници, уметници, стопанственици, истакнати граѓани на општеството. Сите ученици, директори, професори, вработени што поминаа во 50 години живеење на училиштето и сите оние што се дел од неговото секојдневие, сите оние кои допрва доаѓаат – биле, се и ќе бидат дел од традицијата на трајни вредности, од традицијата на квалитетна настава, награди, успеси и врвни достигнувања во сферата на образованието.

Додади коментар

 
 
 
 

Фотогалерии

prev
next
News image

Фудбалски натпревари

Галерија од фудбалски натпревари

News image

На гости кај Филе

Гостување во емисијата Топки +

News image

Поранешни ученици

Слики од ученици од претходните генера...

News image

Награди

Награди, пофалници и пехари од ученици...

News image

Првенци 2009

Доделување на награди на првенците на ...

News image

Патронат 2009

54-ти патронен празник на гимназијата ...

News image

Визија 7

Конференција на Microsoft - Македонија...

Facebook профил

Профилот на Орце Николов на Facebook

Анкета

Дали и професорите треба да носат униформи?



Резултати